Убавина вестиУбавина и здравје

Патриотските парфеми на Кина

Младите Кинези не бараат само нови парфеми, туку парфеми кои предизвикуваат чувство за нивниот кинески идентитет, се истакнува во текстот на Jing Daily. 

Воспоставените меѓународни брендови порано имаа конкурентска моќ на кинескиот брз раст на пазарот на парфеми. Но, комбинацијата на нови домашни етикети и националните културни смени го сменија тоа. Зголемениот број на нови брендови направени за кинезите, го освојуваат кинескиот пазар на парфеми искористувајќи ја желбата за раскажување на локални приказни.

За да се натпреваруваат на кинескиот пазар на парфеми, меѓународните брендови ќе мора внимаелно да ги прегледаат своите приказни за производите и да ги вклопат во стилот на живот на помладите потрошувачи.

Guochao, што би се превело како свртување кон кинеското наследство е движење кое ги меша кинеските културни мотиви со уличните стилови и мода. Сега дејствува на пазарот на парфеми.

Иако се релативно нови во навиката да се користи парфем во нивниот секојдневен живот, помладите потрошувачи во Кина веќе покажаа дека сакаат нешто поразлично од вообичаенот, на пример, Chanel N.5. Тие не само што бараат новина, туку посакуваат мириси и слики што предизвикуваат чувство на кинески идентитет.

Заедно со ова чуство, расте и група на нови производители на парфеми направени во Кина и за кинезите. Само во 2020 година, четири домашни брендови на парфеми, вклучувајќи ги Scentooze, Yu Fan, Plustwo и RE CLASSIFIED, добија десетици милиони долари поддршка за своите инвестиции.

Одамна поминаа деновите кога етаблираните глобални брендови можеа едноставно да го разбијат кинескиот пазар со француска етикета и клише слика во која е претставена актерка која носи мирис за време на ноќната прошетка во Париз. На пазарот во кој сè повеќе доминираат кинеските брендови што доаѓаат, фестивалите за шопинг со темата Guochao  и отвореното патриотско влијание, меѓународните куќи за парфеми не можат повеќе да тврдат дека се авторитетни вратари на префинетиот вкус.

Како резултат, новиот кинески мирис на Кина денес е значително повеќе вкоренет во кинескиот контекст – оној што поседува многу поинаква аура и збир на приоритети за раскажување приказни. Наместо да создадат уште едно шише именувано по ноќ во Париз или лето во Капри, Guochao брендови за инспирација сè повеќе се свртуваат кон локалниот начин на живот.

Некои црпеа инспирација од богатата книжевна историја на Кина и уметничкото наследство. Етикетата D2C Wegoo ги именуваше своите шишиња според класичните амбиенти кои се прикажани во античката кинеска поезија. Брендот Liu Hua Shu создаде мириси како темјан на традиционална кинеска круша кои имаат белешки засновани врз традиционалните темјани што се користат во кинеските домаќинства.

Во текстот на Jing Daily  за парфемските трендови во Кина се посочува и примерот на Young Beast, парфемската куќа основана во септември 2020 година, која за само пет месеци постоење го оствари првиот милион долари профит од новите парфеми чија цена за 30мл. е под 30 американски долари.

Растечкиот кинески пазарот на мириси и генерацијата Gen-Z сè уште се полни со можности за светските брендови. Но, за да се натпреваруваат со новите Guochao, етикети ќе мора да копаат длабоко во локалната кинеска култура за да ги привлечат овие генерации./M.M.

You may also like

Comments are closed.