Magda Butrym со гордост го објави лансирањето на нејзината најнова колекција за пролет/лето 2024 година, насловена Slavic Chic.

Според зборовите на полската дизајнерка Magda Butrym, Slavic Chic е повеќе од мода; тоа е наратив на соништата, единственоста, на автентичноста. Тоа е нашето наследство создадено во модерна форма.

Црпејќи инспирација од старо -словенските влијанија, „Slavic Chic“ ги поврзува минатото и сегашноста. Колекцијата елоквентно ја спојува вековната словенска изработка – особено во деталите од тантела, крокет и трикотажа – со модерниот сензибилитет, што ја одразува елеганцијата на соремената жена. Ехото на винтиџ во полската народна облека е обмислено повторно,беспрекорно вткајувајќи ја историјата во секое парче.

Во Slavic Chic централно место завзема олицетворението на божицата, манифестирано во меката, бела палета на колекцијата, која потсетува на недопрено платно. Суптилните, неутрални бои се нагласени со живописни шари на црвена и сина, како евокативна приказна во боја.

Како знак на наследство и допирна точка на суштината на брендот, симболот на розата во колекцијата е чест и се наоѓа во различни форми: како деликатен принт, украс или сложена 3D преработка.

Slavic Chic портретира романтична, прекрасна, силна жена, со облека што зрачи со привлечност, изработена во тактилен купро и волна. Во овој сегмент значајна е соработката со компанијата Heven, предводена од Breanna Box и Peter Dupont./M.M.

You may also like

Comments are closed.