Seán McGirr, новиот креативен директор на Alexander McQueen е поранешен дизајнер на машката облека на модната куќа. Ирскиот дизајнер, по студиите на Central Saint Martins, во Лондон, работел како дизајнер на женска облека во Dries Van Noten, како и во Burberry и Uniqlo. Тој ќе ја наследи Sarah Burton, која во саботата во Париз ја претстави својата последна колекција за McQueen.

Burton минатиот месец објави дека го напушта британскиот моден бренд, по вкупно 26 години поминати во модната куќа и тесната соработка со основачот, Lee Alexander McQueen, до неговата смрт.

Толку сум горда на сè што направив и на мојот неверојатен тим во Alexander McQueen. Тие се моето семејство, и ова беше мој дом во последните 26 години. Се радувам на иднината и секогаш ќе го носам ова драгоцено време со мене, изјави Burton по тој повод.

Нејзината последна колекција, за пролет/лето 2024 година, беше моќно, незаборавно модно претставување кое доби овации од публиката./М.М.

You may also like

Comments are closed.