Razer, производителот на опрема за игри има за цел да даде бесплатно пет милиони маски за сите жители на Сингапур, за да придонесе во борбата против  корона вирусот.

Технолошката фирма, чие седиште е и во Сингапур и во Соединетите држави, веќе беше насочена кон правење маски како одговор на пандемијата. Сега планира двојно да го зголеми тоа производство, како и да постави свои машини за продажба. За почеток, Razer ќе постави 20 машини во различни трговски центри во текот на следните неколку недели. За да земат маска, граѓаните ќе мора да ја преземат нејзината апликација за дигитален паричник и да скенираат QR-код на автоматот. Планот е да им се даде на сите возрасни жители на Сингапур една бесплатна хируршка маска , односнно вкупно околу пет милиони мaски./M.M.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.