Гигантот за пораки WhatsApp, со околу две милијарди корисници во светот, на 12 јануари објави дека сè уште ја почитува нивната приватност, по промените на условите и политиките објавени минатата недела, а кои натераа многу луѓе на глобално ниво, да се свртат кон конкуренцијата. Измените овозможуваат споделување на податоците на WhatsApp со Facebook. На Твитер менаџментот на Facebook објави статус според кој „има многу дезинформации за условите за користење на услугите на WhatsApp )“ и дека промените „на никаков начин не влијаат на приватноста на пораките“ .

Канцеларијата за медиуми на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и Министерството за одбрана на земјата им соопштија на новинарите дека се откажуваат и од WhatsApp, приклучувајќи се на глобалниот лет од популарната апликација поради загриженост за приватноста.

Новите услови ќе му овозможат на WhatsApp да дозволи рекламирање и да овозможи е-трговија.

Имено, Facebook има за цел да го монетизира WhatsApp дозволувајќи им на деловните субјекти да контактираат со своите клиенти преку платформата, дури и директно да им продаваат производи, користејќи ја услугата како што веќе прават во Индија./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.