Организацијата за права на животните ПЕТА ги повика дизајнерите и истражувачите да развијат веганска алтернатива на волна од овци, со мало влијание врз животната средина.

Првиот учесник што ќе развие био-базиран или био-инженерски материјал со изглед, чувството и перформанси на волната и ќе биде прифатен од голем моден бренд ќе биде награден со еден милион долари.
Се надеваме дека ова ќе помогне да се намалат емисиите од индустријата за волна и да се поддржи тековната кампања на ПЕТА против суровоста врз животните.
„Дури и на „одржливи“ и „одговорни“ фарми, работниците тепаа, газеа ги и сечеа овците, тврдат од ПЕТА. „Создавањето на одржлива веганска волна може да помогне во намалувањето на страдањата и борбата против климатската катастрофа, бидејќи индустријата за волна произведува огромни количини на метан, ја еродира почвата и ги загадува водните патишта“.

Победничкиот материјал треба да ги надмине квалитетите на волната, а ќе треба и брзо се обновува и да може да се користи за создавање биоразградлива облека, а и да може да се рециклира.

Алтернативата за волна треба да биде целосно ослободена од производи од животинско потекло во обид да се елиминираат растечките етички и еколошки грижи.
Со својот награден фонд од милион долари, ПЕТА се надева дека ќе ја забрза иновативноста со веганската волна, барајќи победничкиот материјал да биде прифатлив за најмалку еден од 10-те најголеми продавачи на облека во светот, до јануари 2024 година.

Деталите се на: https://www.peta.org/features/vegan-wool-award/
Имено, ПЕТА во 2018 година има организирано натпревар за веганска волна, во тогашниот победник, модната куќа на Стела Макартни неуспеа да обезбеди поголем пробив и помасовна примена на материјалот наречен Woocoa, направен од кокосови влакна и коноп./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.