Бисерите се безвременски и преубав моден додаток – не само што го надополнуваат она што го одбравте за носење, туку и ве прават елегантни и грациозни. Годинава бисерите се повторно во тренд, така што се и често користени апликации на фустани, џемпери, чанти и чевли.

Низ историјата, бисерите играле значајна улога во уметноста, културата и секако – во модата. Симболи на моќни концепти како реткост и чистота, бисерите ги сакаат уметниците, писателите и креаторите, кои наоѓаат природна инспирација и значење во нивната убавина.

За разлика од многу други трендови за накит, бисерите се навистина безвременски.
Бисерот се смета и за симбол на светлината и женственоста меѓу накитот. Неговата бледа ириденција е поврзана со прозрачната месечина, воденото потекло со плодноста и неговиот таен живот во школка, со чудесноста на раѓањето. Бисерот се смета за амблем на плодноста, чистотата, девственоста и на совршенството.

Во духовна смисла бисерите претставуваат мудрост стекната преку искуство. Се верува дека скапоцените камења на морето нудат заштита на оној што ги носи, како и дека привлекуваат среќа и богатство. Згора на тоа, бисерите зборуваат за чистотата и интегритетот на носителот.

Се верува дека бисерот помага срцето да се одржи силно и здраво. Исто така, се вели дека каменот на бисер има корист од болестите предизвикани од вода и го одржува балансот на водата во нашето тело.

Неверојатно е како бисерите можат да го променат изгледот: на облека или како моден додаток, за вечерно излегување или, едноставно, за проштка, севкупниот впечаток го прават поубав, романтичен и женствен./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.