Основачите на француската модна куќа Drôle de Monsieur сметаа дека духот на нивниот бренд може да го долови токму Mike Tyson, односно, Iron Mike.
Така, Iron Mike настапи во кампањата именувана како Not from Paris Madame. Секако дека Mike Tyson не е од Париз, а ниту од Њујорк: роден е во Браунсвил, пораснал во најтемните делови на Њујорк и самиот го направил својот пат кој нема никаква врска со вообичаените успешни приказни на Њујорк.
Растењето во Браунсвил не е привилегија. Можностите за успех се ретки. Но, со напорна работа, решителност и силна волја, Mike Tyson стана најмладиот светски шампион во тешка категорија во историјата на боксот, во 1986 година, со само 20 години.

Mike Tyson е исто така човек со уникатен стил: обединува одреден став на улицата , како природен резултат на неговото воспитување – но и чувство за една специфична урбана елеганција од 90-тите – и двете коегзистираат во совршена алхемија.
Неговиот единствен карактер е почетната точка на целиот проект чија цел е да се оддаде почит кон ликот и кариерата на еднен од најпознатите во историјата на спортот.
Филмот ги слави волјата и решителноста, двета вредности блиски до основачите на Drôle de Monsieur, како и до ликот на легендарниот боксер.
Основачите Dany & Maxime без искуство во модата. го развија брендот и нивниот бизнис во Дижон, Франција, во необично место за мода. Од таму и фразата „Не е од Париз Мадам“, за да се изрази дека оптимизмот, енергијата и вниманието ќе се вратат, без оглед од каде сте, без оглед на се!
Брендот одлучи да се здружи со повеќе инспиративни уметници ширум светот, кои ја изградија својата уметност и свет далеку од големиот градски живот./М.М.

You may also like

Comments are closed.