Една од најгледаните забавни емисии на Канал 5, Голден Карпет, на петти ноември, недела, во 19.30 часот започнува со новата, четврта сезона. Најавени се многу новини, меѓу кои и ново студио.
Миро Коцаров како и досега е домаќин, а друштво годинава ќе му прават инфлуенсерката Ивана Јанковска и мисицата Моника Црнокрак на која ова ќе и биде прво сериозно телевизиско искуство. Комичарот и актер Бојан Велевски во емисијата ќе има своја рубрика која ќе се емитува секоја недела.
Инаку, изминативе години во Голден Карпет гостуваа најуспешните доктори, најпознатите актери, најтрофејните спортисти, како и политичарите од земјава и регионот./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.