Met Gala, традиционалниот хуманитарен настан што годинава ќе се одржи на први мај, во знакот е на Karl Lagerfeld – на неговата личност и творештвото, тргнувајќи од неговиот непоторлив код – на високата бела крагна и косата собрана во опаш, во стилот на старите устројства.

Биографијата на Lagerfeld повеќе личи на учебник по модна историја на 20 и 21 век отколку на дело на една личност. Сепак, грижата за Chanel, каде што е присутен од 1982 година до неговата смрт, во 2019 година, како да го обои неговото наследство, во суштина засновано на ахроматски нијанси на црно и бело.

Изложбата на неговите оригинални изгледи, од времето во Balmain, Patou, Chloé, Fendi и Chanel, ќе се одржува од петти мај до 16 јули 2023 година, во галериите на Met’s Tisch. Главен спонзор е Chanel, поддржан од Fendi, Condé Nast, како и модната куќа на Lagerfeld.

Andrew Bolton, кураторот при Wendy Yu Costume Institut и Amanda Harlech, долгогодишен соработник на Karl Lagerfeld и креативен консултант за изложбата, имаа застрашувачки тешка задача грандиозното дело – по обем и содржина, да го синтетизираат во само 150 изгледи.
Дизајнерите со кои Lagerfeld има соработувано истакнуваа дека тој скицирал се, велејќи дека му е полесно да црта одошто да објаснува. Скицирањето било и негова примарна форма на комуникација па затоа, на изложбата скиците имаат особено место, така што ќе биде преставена и нивната еволуција во тродимензионална облека.

Како своевидно ехо на изложбата, насловена како Карл Лагерфелд: линија на убавината (Karl Lagerfeld: A Line of Beauty), и кодексот на облекување на хуманитарниот настан Met Gala 2023 е во чест на Karl.

Кодексот на облекувањето на Met Gala 2023, остава доволно простор за претставување со слободен имагинативен пристап, без монополизирање на изгледот. Првиот и најавтентичен пристап би бил да се носи архивски изглед од една од куќите предводени од Karl Lagerfeld; втората да се биде виден во Chanel или Fendi, модни куќи на кои тој остави неизбришлива трага; и третата, да се следи кодот на Karl Lagerfeld./М.М.

You may also like

Comments are closed.