Мода вестиМоден мозаик

Миди должината ја освојува есента: меѓу мини и макси е новиот моден тренд

Од сатен и тексас до плисирани здолништа и плетени фустани – миди силуетата се враќа во различни изданија, а најголемите модни куќи ја претвораат во еден од главните трендови на сезоната

 

Миди должината оваа есен повторно е во центарот на вниманието. Поставена помеѓу мини и макси, таа се наметнува како совршена средина за преодниот период, кога температурите се менуваат, но и како една од најелегантните и најразновидни силуети во сезоната.

Здолништата и фустаните што завршуваат некаде помеѓу колената и глуждовите овозможуваат безброј комбинации – од лежерни дневни изданија до софистицирани деловни и вечерни стајлинзи.

Меѓу моделите што особено се издвојуваат оваа есен се сатенските миди здолништа. Свиленкастите и сјајни материјали што беа омилени во летните комбинации продолжуваат да се носат и во постудените месеци, но сега во контраст со гломазни плетени џемпери и високи кожни чизми. Токму спротивставувањето на меката плетенина и мазниот сатен создава моден изглед со нагласена текстура.

На есенската модна сцена се враќаат и плисираните и карираните миди модели, инспирирани од ретро и preppy естетиката. Со блејзер, кошула и мокасини, тие лесно преминуваат во деловниот гардеробер, додека со пократка јакна добиваат помодерен изглед.

Но, вистинската потврда дека миди должината е еден од клучните трендови на сезоната доаѓа од модните писти. Највлијателните модни куќи ја претставија во сосема различни интерпретации, покажувајќи дека миди веќе не е само “сигурна” и класична опција, туку силуета со сериозен моден карактер.

Така Prada продолжува да ја истражува миди должината преку проѕирни и мрежести материјали, украсени со мониста и везови. Секси елементите се балансирани со префинета должина и прецизна силуета.

Saint Laurent и Khaite ја претставуваат должината во поромантично, но строго издание, со елегантна чипка и салонки со шилест врв. Fendi и Coach покажуваат колку миди силуетата добро функционира во слоевитото есенско облекување – со свилени кошули, панделки и долги мантили. Chanel и Dior, од друга страна, се враќаат кон класичниот француски шик, со структурирани А-кроеви и плисирани модели кои на миди должината ѝ даваат впечаток на безвременски луксуз.

Можеби токму во тоа е и нејзината најголема сила. Миди должината не бара една конкретна естетика – може да биде романтична, деловна, минималистичка, ретро или сосема модерна. А оваа есен, се чини, има само едно правило: да биде доволно долга за да изгледа елегантно, но доволно разиграна за да не делува конзервативно./M.M.

Фото: Prada, Saint Laurent, Dior, Khaite

Мода вести

45 години Michael Kors

Јубилејот одбележан со пригодна кампања посветена на Њујорк и уметноста Michael Kors ја одбележа 45-годишнината од ...

You may also like

Comments are closed.