Versace соопшти дека глобалната ѕвезда  Maluma е заштитното лице на нивната најнова рекламна кампања  за годинешнава пролетно-летната колекција, преставена низ фотографиите на Mert Alas и Marcus Piggott.

„Кога го запознав Maluma за прв пат, веднаш ја почувствував неговата енергија и неговата привлечна личност. Тој е човек кој прави разлики и го прави светот подобро место, а тоа го прави совршен Versace човек ! Многу сум возбудена што Maluma е во мојата нова кампања “- Donatella Versace.

Во кампањата Maluma е прикажан на голем број различни слики на кои е со своето куче Буда, а мега ѕвездата се покажува како #TeamVersace и #TeamDV во универзитетска јакна завршена со голем број мотиви на брендот, како и лепенка „Donatella “.

„Кампањава е остварување на мојот сон – да сум заштитно лице на Versace и да продолжам да ја претставувам Colombia глобално, преку музика, мода и многу повеќе од тоа “, споделува Maluma.

„Модата е една од моите најголеми страсти надвор од музиката и да се биде дел од визијата на Донатела и семејството Versace е голема чест. Еден од моите најголеми моменти за 2022 година ќе биде моето куче Буда, во неговата прва кампања со мене – најдобриот пријател на човекот се приклучува на модата. Ова е за уште многу спомени со моето семејство Versace“, посочува Maluma./М.М.

You may also like

Comments are closed.