Brioni ја промовира својата најнова пролетно-летна кампања со новите амбасадори: Jude Law и неговиот син Rafferty.


Според Brioni, таткото и синот се олицетворение на „елеганцијата што беспрекорно го изразува урбаниот и римски дух на модната куќа“. Новите амбасадори во рекламната кампања се фотографирани од Craig McDean.
Зборувајќи за својот ангажман и снимањата со синот Jude Law истакна дека особено му се допаѓа соработката со римската модна куќа и дека се чувствува прекрасно удобно – како враќање дома: „Создадов посебна врска со тој град за време на снимањето на „ The Young Pope“, вели актерот.

Неговиот син посочува дека: „Иако и двајцата природно имаме различни вкусови и перспективи, делиме и многу исти страсти. Една од нив е дека и двајцата ја сакаме облеката и Brioni е нешто за што се согласуваме“./М.М.

https://www.brioni.com/en/gb/jude-and-raff-law-advertising-campaign-spring-summer-22

 

You may also like

Comments are closed.