Архивата на Etro реинтерпретирана од Harris Reed е основата за создавање на заедничка капсула колекција на блузи. Колекцијата ја карактеризираат одржливоста во материјалите, шари во дезенот, како и замаглената линија помеѓу родовите, што за италијанската модна куќа Etro и за дизајнерот Harris Reed Етро претставуваат фокусирање на нови концепти аза мажественоста и женственоста.

За оваа нова капсула колекција, со ограничено издание, достапна на Etro.com и на MatchesFashion.com, Reed сакаше да го насочи вниманието на клучниот и фундаментален концепт за денешниот свет: надградба. Благодарение на големата, безгранична архива на Etro, што се издвојува токму по своето наследство и светлите ткаенини, користени се цветни принтови, типични за деми-кутурата.
„Кога Harris Reed не контактираше за да соработува со нас на овој специјален проект, не се сомневав“, вели Veronica Etro, креативната директорка на брендот. „ Harris е млад и талентиран дизајнер кој со својата работа пренесува прекрасни пораки. Ми се допадна идејата на ткаенините да им дадеме нов живот, трансформирајќи ги во ексклузивни, единствени креации“.
„Извонредно сум возбуден што луѓето ги гледаат овие парчиња, бидејќи тие се целосно единствени и во многу ограничена серија, што сметам дека е дел од убавината на деми-модата и нејзиниот интимен формат за купување, стои во изјавата за медиумите на Harris Reed. „Се надевам дека новиот начин на гледање на луксузната мода, не само во однос на полот и флуидноста, туку и на идејата за одржливоста ќе наидат на соодветен прием “./М.М.

You may also like

Comments are closed.