Замислен после трансформативен период на загуба, De Los Santos е мирис кој е дизајниран да ги разгорува спомените, да го осознае минатото и да го прослави животот. Во чест на традициите на Денот на мртвите и Денот на сите светци, дава почит на трансцендентната моќ на здружување во колективни церемонии и мирисот го претвора во нов ритуал на сеќавање.

” Во текот на изминатата година, почнав да истражувам како различни култури пристапуваат кон идејата за загуба со цел да ја сменам мојата лична перспектива. Не сакав да „продолжам понатаму“, или „да одам напред“, бидејќи тоа подразбираше заборавање. Наместо тоа, сакав да
создадам начин да ги прославам моите спомени, да ја почитувам убавината на животот и тоа да го преточам во мирис“– вели Ben Gorham, основач и креативен директор, Byredo.

De Los Santos како да е ароматичен облак од мошус, прободен од бистрината на жалфија. Раскошот на килибарот и темјанот се заземјени со корен од ирис и Мирабел кајсија. Земјените ноти на цистусот цветаат во сува топлина.

Сликите за кампањата на De Los Santos се создадени од Estevan Oriol.
Ben Gorham, основач и креативен директор на Byredo е роден во Шведска, од мајка индијка и татко канаѓанец, а растел во Торонто, Њујорк и Стокхолм. По дипломирањето на уметничко училиште во Стокхолм, случајната средба со парфимер го наведува на идејата да ја изразува својата креативност преку парфемите.
De Los Santos од неодамна може да се најде и во нашите специјализирани продавници./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.