Серијата е заснована на текстот за нејзиниот живот, напишан од синот на Hepburn, Luca Dotti.

За славната холивудска актерка Audrey Hepburn, позната по филмовите Појадок кај Тифани, Сабрина и Одморот во Рим, се снима и телевизиска приказна, подготвена на текст напишан од нејзиниот син Luca Dotti и новинарот Luigi Spinola. Италијанската продукциска куќа Wildside и компанијата Fremantle се одговорни за пренесување на приказната за легендата на некогашниот Холивуд на малите екрани.


По настапот на Бродвеј, во 1951-та година, во улогата на Gigi, Hepburn има добиено ангажман во Холивуд, во филмот Одморот во Рим, со кој всушност и започнува нејзината блескава кариера.
Позната е како прва и единствена актерка која за иста улога има добиено Oscar, Golden Globe и BAFTA. За своите уоги има освоено и бројни други награди, како: Emmy, Grammy, Tony, потоа хуманитарната награда Jean Hersholt, како и Претседателскиот медал на слободата.

Во пресрет на серијата, освен за актерските достигнувања, се говори и за она што Audrey Hepburn беше во модата: за нејзиниот вечнен црн фустан, од филмот Појадок кај Tiffany, а чиј создавач е францускиот дизајнер Hubert de Givenchy.

Hepburn е сметана за муза на легендарниот Hubert de Givenchy, со кого во текот на нејзината кариера била поврзана со трајно пријателство и професионално партнерство. Се запознале на снимањето на филмот Sabrina, во 1954 година, кога режисерот Billy Wilder му се обратил на Givenchy за совет за Hepburn и тоа откако славниот дизајнер Cristóbal Balenciaga одбил да ги направи костимите за филмот.
Францускиот дизајнер ја замолил Hepburn да одбере фустани од неговата колекција и од тогаш Givenchy ја има дизајнирано речиси целата облека на актерката. Видно е местото на најпознатиот дизајн на Givenchy за Hepburn, црниот сатенски фустан, создаден во 1961 година, за потребите на романтичната комедија Breakfast at Tiffany’s, каде што таа настапува со George Peppard.

 

Во познатата почетна сцена на филмот на Blake Edwards, ликот на Hepburn, Holly Golightly, се појавува во долг црн сатенски фустан и со кафе и кроасан во рака, со поглед вперен во накитот на излогот на Tiffany.
Сметан за еден од највлијателните фустани во историјата на облеката и костимографијата на 20 век, црниот коктел фустан на Givenchy се смета за најуспешна интерпретација на малиот црн фустан, по воведувањето на концептот од француската дизајнерка Coco Chanel, во 1920-тите.

Оригиналната верзија на црниот фустан на Givenchy, кој всушност беше пократок и никогаш не се носеше во филмот, има свое видно место во архивата на Givenchy. Вториот од трите тогаш направени е во Музејот во Мадрид, додека третиот е продаден преку аукциската куќа Christie за 467,200 фунти. Модната куќа Givenchy добивката ја има донирано на Градот на радоста, во Калкута, Индија, за да им помогне на оние на кои таа им е потребна./М.М.

 

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.