Безвременската легенда, парфемот на сите времиња, слави 100 години од создавњето. – Јубилејот повод за видео запис за CHANEL N ° 5

По повод одбележувањето на стогодишнината на парфемот CHANEL N ° 5 модната куќа содаде видео запис во вид на мемориска лента за вековното постоење на иконскиот парфем. https://www.chanel.com/rs/about-chanel/the-stories/

Можеби најпознатиот парфем на светот, статусот на CHANEL N ° 5 на сцената на парфемите е статус на икона – беше и останува  посакуван парфем на илјадници жени, со децении и години, вклучувајќи ја и последната, 2020 година, во која е еден од десетте најпродавани парфеми во светот. Со сигурност може да се каже дека  својот иконски статус CHANEL N ° 5 парфемот ќе го задржи и во следните години.

Лансирањето на првиот парфем CHANEL N ° 5.било проследено со слоганот  „женски парфем што мириса на жена“. Револуционерен по својот состав, создаден е во партнерството на Gabrielle Chanel со тогаш славниот парфимер, Ernesto Beaux. Првата позната илустрација на CHANEL N ° 5 е направена од Сем познат цртач од тоа време, во 1921 година./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.