Опседнат со духот на Franco Moschino, Jeremy Scott со последната колекција за есен годинава и филмот создаден по тој повод, потврди дека никој подобро од него не се снаоѓа во ова дигитално поглавје во историјата на модата.

Дизајнот на оваа колекција е правен во исто време кога и филмот што го посакуваше дизајнерот. Во овој наметнат дигитален момент во модата и во животот, Jeremy Scott направи емисија во емисија – за создавањето и за создаденото.  Сето е, вели тој, за време и во време додека сите се подготвуваме за пост-пандемиско враќање во реалноста!

Овој пат, тој покани 36 старлети, девојки и пин-ап ѕвезди, како Маја Маск (која го претстави салонот) во повеќе-димензионален приказ на секојдневниот живот на дамата: облека за работа, слободно време, патувања и одмор, односно за сите активности за кои немавме причина да се облекуваме во текот на изминатата година.

Колекцијата (и видеото) е наречена Jungle Red, е дефинитивно екстравагантна. Името потекнува од она на лакот за нокти во филмот George Women, од 1939. година на Georg Cukor. „Она што сега ни треба, повеќе од кога било, е фантазија и гламур и работи што прават да се чувствувате прекрасно, а мислам дека тренерките не го прават тоа “, вели Jeremy Scott.

Екстраваганцијата во колекцијата ја има во големи количества: за ручек, мали костуми од твид со чанти расфрлани наоколу како украси. За работа, палта од реконструирани облеки на банкари и фустани во нивоа завиткани околу телото. Сето е на:  https://www.moschino.com/us_en/fashion-show-fw21/M.M.

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.