За оние кои Birkenstock сандалите ги сметаат невообични, можеби ги чека големо изненадување! Германската марка за обувки се здружи со дизајнерот Manolo Blahnik за целосно нова пролетно/летна колекција. Ансамблот ги содржи основните модели на Birkenstock сандалите но надополнети со нови детали што, инаку, се своевиден заштитен знак на Manolo Blahnik. Сандалите и папучите се сега украсени со кристали и спакувани во ексклузивна кутија-чанта за чевли што повторно, ги опфаќа дизајнерските детали на Manolo Blahnik.


Коментирајќи ја соработката, Manolo Blahnik во изјавата рече дека: „Birkenstocks се во мојата гардероба, ги сакам и ги носам многу години. Воодушевен сум што успеавме да соработуваме, спојувањето на естетиката на Manolo Blahnik со секојдневната удобност на Birkenstocks е едноставно прекрасно искуство!“


Oliver Reichert, CEO на Birkenstock го сподели своето задоволство истакнувајќи: „Воодушевени сме што соработуваме со Manolo Blahnik, чија ненадмината изработка долго време ја поставува границата за производство на совршени чевли. Ова е уникатна колекција, која ги спојува нашите дизајни со заштитен знак со талентот на Manolo Blahnik за да создаде парчиња што опфаќаат смела и насочена естетика што ги носи и двата бренда на ново ниво“.
Оние кои ги сакаат беспрекорните дизајни на Manolo Blahnik, за кои и светот дозна откако напати се појавија во серијата „ Sex and the City„ изненадувањето има различни, помалку ентузијастички придавки. Пролева и летово ќе покажат кој е во право./М.М.

 

 

You may also like

Comments are closed.