Новата и многу очекувана колекција на Berta е исполнета со невестински фустани што наликуваат на сложени, софистицирани уметнички дела. Класичните и познати силуети на Berta, со кроеви што ја гушкаат фигурата, преставуваат спој на бројни дизајни во кои доминираат предимензионирани ракави, со тантела и проѕирни детали, со текстурални елементи и секси деколтеа што ја истакнуваат природната женска убавина.

Колекцијата Berta Como за пролет/лето 2022 е направена, според Berta брендот, за невести кои негуваат мода и софистицираност во облекувањето.

Како и секогаш, кај Berta ткаенините се основата на колекцијата, со прекрасни комбинации на тантела, со везови и монисти, со 3D цветни апликации и блескави светки.

Во Berta Como наметките се уникатни, како и везовите што го додаваат овој дополнителен допир на Berta, овозможувајќи фустаните целосно да се истакнат.

Езерото Комо е познато по неверојатните природни убавини, елегантни стари вили сместени во околината на малите и живописни места околу езерото, па не е ни чудо што новата колекција Berta се вклопи токму во нив./М.М.

Деталите се на: https://www.berta.com/berta-como-ss-2022/

You may also like

Comments are closed.