Во рамките на колекцијата пролет-лето 2022, Maison Margiela претстави ново „семејство„ на чевли – Four Stiches со кои настојува да актуелизира сеќавање на еден од своите концепти.
Импресијата на познатиот мотив е силна, евидентна – визуелно, но и емотивно. Како ехо на нешто што било некогаш, се посочува на промоцијата на Four Stiches.


Актуелизирањето на концептите од минатото не е новина за Maison Margiela, порано позната како Maison Martin Margiela. Француската модна куќа е основана во 1988-та година во Париз, од белгискиот дизајнер Martin Margiela и може да се пофали со богата ахрива. Занаетчиски умешно изработените колекции се една од основните карактеристики на брендот, така што и повторната визуелна и емотивна средба со концепт стар неколку децении може да биде единствено искуство./M.M.

You may also like

Comments are closed.