Познатите фотографи Mert & Marcus се здружија со Versace за да ја доловат суштината на новата женската и машката колекција на брендот Icons, во која се појавуваат холивудските ѕвезди Anne Hathaway и Cillian Murphy.
Колекцијата Versace Icons го слави наследството на брендот со препознатливи елементи, како што е мотивот на Медуза и елегантните, женствени силуети на кожени фустани. Прилагодувањето зазема централно место, со прецизно внимание кон деталите, воочливо во секој модел, од свилените Barocco влошки до хардверот Medusa ’95.
За Donatella Versace, Hathaway и Murphy се силни и решителни личности и актери кои го олицетворуваат духот на Versace.
Според Hathaway и Murphy соработката со Donatella е своевидна креативна размена што резултирала со колекција совршено прилагодена кон нивните личности./M.M.

You may also like

Comments are closed.