Дизајнерското студио Sozai Center создаде водоотпорен биотекстил наречен Adam Sheet, направен од отпад од јаболка. Планирано е овој материјал, досега користен за изработка на банкарски и патни картички, да биде основа за проекти во модната индустрија. Имено, се очекува иновативниот водо-отпорен биоматеријал, што може да се пере во машина и е еластичен при гребнатини, да ја револуционизира модната индустрија.

Јапонското дизајнерско студио Sozai Center го претстави револуционерниот биоматеријал наречен Adam Sheet, подготвен да ја редефинира одржливоста во светот на модата. Изработен од преостанатиот отпад од јаболко, измешан со биопластика, подготвен е да предизвика квалитетни поместувања во различни креативни проекти.


Основачот Shotaro Oshima и неговиот тим во Sozai Center го трансформираа отпадот од јаболка од јапонската префектура Aomori во проѕирен материјал, кој може да се пофали со извонреден состав од 87% од остатоци од јаболко. Со посебен технолошки процес добиен е биотекстил кој ја комбинира функционалноста со еколошката одговорност. Притоа, Oshima ги истакнува водоотпорните својства на био-материјалот, можноста за перење во машина и еластичноста при гребнатини. Освен во модната индустрија, Sozai Center со Adam Sheet ги поместува границите истражувајќи ги можностите и во индустријата на мебел и во дизајнот на ентериер.
Преку иновативни решенија како Adam Sheet, Sozai Center има за цел да го предводи патот во еколошки свесни дизајни, поттикнувајќи позелена иднина за индустриите ширум светот. /M.M.

Деталите се на: https://sozaicenter.com/

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.