Ревијата наречена „Фустанот на Ангелина“, со чиста емоција го исполни исклучително големиот простор на Хангарот. Ревијата е посветена на малата Ангелина Аќимовиќ, девојчето кое загина во мајските настани во основното училиште Владислав Рибникар. Ангелина била исклучително талентирана и правела бројни цртежи на фустани со идеја еден ден да стане моден дизајнер. Нејзиниот талент собра 25 познати српски дизајнери и брендови кои врз основа на нејзините цртежи на фустани дизајнираа модели за модната ревија и на тој начин ја оживеаа нејзината имагинација.
Колекции инспирирани од слободата, природата и екологијата
На 53-та Модна недела се одржа и авторска модна вечер на која беа претставени дизајнерите Лили Тејлор, Милова, Бонтон и Ана Васиљевиќ. Презентираните колекции испратија силни пораки и беа инспирирани од слободата, природата и екологијата./М.М.

You may also like

Comments are closed.