Мода вестиМоден мозаик

Adam Selman со прва колекција на костими за капење

Adam Selman

Adam Selman, еден од најпродуктивните американски дизајнери, за летово направи капсуларна колекција на костуми за капење, прва во неговата дизајнерска кариера, како и црни и бели хеланки со леопадров принт. Успехот на неговите спортски колекции, а ги имаше вкупно осум во изминатите три години, направија да ги прошири своите дизајнерски погледи и на облеката за плажа.

Adam Selman

Хеланките со француски крој, со висок струк, со обложени гаќички и ткаење со кое се стегнува и подигнува задникот,  имаат и  скриена мека еластична лента што при движења останува на место. Се работи за најпродавани хеланки, во кои кожата непречено дише.

Adam Selman

Ripcord едноделните и дводелни костими за капење се од еластичи материјали и додатоци со кои се прави прилагодување кон телото. Micro Floral принтот со светлите, блескави бои, им дава посебност и оригиналност на бикините.

Adam Selman

Паралелно со новата колекција, на сајтот на дизајнерот е во тек голема летна распродажба./М.М.

Деталите се на https://adamselman.com/collections/sale-1

Adam Selman

You may also like

Comments are closed.