Isabel Marant

За некои грди, за некои неповторливи, но секако оригинални – патиките на дизајнерката  Isabel Marant по рамно една деценија се повторно на сцена – сега дури и повисоки, а и во повеќе бои. Во продавниците се чекаат деновиве, со нетрпение!

Кога пред десет години на нозете на Beyonce, во нејзиното видео за песната “Love on Top”, се појавија високите патики на Isabel Marant  малкумина претпоставуваа дека ќе ги носат и промовираат и Rihanna, Gisele Bündchen и Kendall Jenner. Потоа најдоа поклоници ширум светот.

Isabel Marant

Дизајнерката Isabel Marant сега потворно ги нуди нејзините високи патики, овој пат со нов редизајн и со ново име: Balskee.

Na oвие нови патики Изабел Марант ќе додадат дополнителни 10 сантиметри висина, од кои половина се во современо технолошки направена подлога,  за да не се чуствуваат десетте сантиметри височина.

Isabel Marant

Достапните колоритни бои се ажурираат со повеќе примарни тонови (црна, бела, жолта, примарна зелена и црвена), наместо првично достапните пригушени нијанси на маслинесто зелените тонови.

„Никогаш не престанав да сакам да ги носам. Најудобните работи се работите што секогаш ќе ги носите и од кои никогаш не сте сити “, вели самата дизајнерка.

Новите патики можат да се нарачаат и на isabelmarant.com, во електронската продавница на дизајнерката./M.M.

Isabel Marant

You may also like

Comments are closed.