Naeem Khan

Роден и израснат во Мумбаи, светски познатиот дизајнер Naeem Khan пораснал во свет опкружен со култура, архитектура, уметност, историја и дизајн. Како момче, имал можност да добие огромно знаење за текстилот и шиењето и тоа под будните очи на неговиот дедо и татко, и двајцата дизајнири на сложената облека што ја носат индиските кралски семејства.

Кога Khan, како тинејџер, се преселил во САД, за да стане дизајнер и да започне своја кариера, добил можност да работи за легендарниот американски дизајнер  Halston.

Naeem Khan

Во креациите на Naeem се чуствува и влијанието на американскиот дизајнер, но и семејното наследство. Спојот станал неверојатен, а дизајнерот магепсник за создавање слоевита, сложена, уникатна но и чиста, елегантна и безвременска силуета.

Naeem Khan  често се спомнува во последно време,  во врска со документарецот што Netflix го подготвува за него сето беше повод и инспирација за колекцијата посветена на одморите и за неговиот сопствен живот во модата. „За мене е важно да бидете сигурни дека ќе останете верни на она што го правите“, вели тој.

Naeem Khan

Сребрените парчиња во оваа колекција се изработени од вистински и имаат врска со неговите сеќавања за посетите со неговиот дедо, на фабриките во кои се изработувани сребрени и златни елементи за свечените фустани. Слични сребрени елемнети се наоѓаат и во најновата колекција, вклучувајќи фустан со слична форма како оној што го создаде за г-ѓа Обама кога таа и претседателот ги пречекаа премиерот и првата дама на Индија во Белата куќа.

Во колекцијата дизајнерот е доследен на својот вечен вечерен гламур. Созадените традиционални силуети во извонредни ткаенини и со извонредна декорација пленат со врвна сензуалност, вкус и одмереност.

Naeem Khan

Меѓу издвоените делови во оваа решително „максималистичка“ и колекција, особено внимание привлекуваат комбинезоните. Црвениот комбиназон, извесно е, ќе се најде и на црвениот тепих.

Неговите креации ги носат филмските диви на црвениот тепих, на филм или телевизија, ги носат и младите девојки на кои им се исполнува сонот за незаборавен и безвременски невестински фустан.

Колекциите на Naeem Khan се продаваат во над 150 бутици ширум светот./М.М.

Naeem Khan

Naeem Khan

Naeem Khan

Naeem Khan

Naeem Khan

Naeem Khan

Naeem Khan

Naeem Khan

Naeem Khan

Naeem Khan16

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.