Меѓу десетте финалисти, чиј дизајнерски раст годинава ќе биде поддржан од CFDA/Vogue Fashion Fund е дизајнерот LaQuan Smith. LaQuan Smith моден дизајнер и основач на истоимен бренд за облека за жени. Тој е од Њујорк, од Квинс, има 32 години и неговите креации се специфични и за одреден тип на жена. Познато е дека жените од Џенифер Лопез, до Бијонсе, Лејди Гага и Ријана го користат неговиот естетски дизајн.
Неговиот стил на дизајн е неприкословен, гламурозен, секси, елегантен и луксузен. Со облеката на LaQuan Smith, потребна е и неверојатна фигура – за да се покажете дизајн опремата за една сирена.
Во есенската колекција колекција,останува верен на своите дизајнерски определби овој пат сложени во претенциозни комбинации кои никого не оставаат рамнодушен. Иако не се точно дневна облека, овие комбинации – што потсетуваат на клупска облека од 1970-тите и 80-тите години – ја прошируваат колекцијата на LaQuan надвор од секси облеката за вечерни излегувања./М.М.