Да се обидеш да дефинираш што значи да се биде жена на овој свет е бесконечно патување – и патување кон постојана реинвенција, заклучува Batsheva Hay, која е една од десетте финалисти, чиј дизајнерски  раст годинава ќе биде поддржан од CFDA/Vogue Fashion Fund.

За својата пред – есенска колекција дизајнерката Batsheva Hay, која инаку е адвокатка, решителна во одлуката од 2016 година да стане дел од светот на модата, ги обработува симболите на феминизмот и на домаќинството, со која не се занимаваат дизајнерите посветени на елеганцијата, трендот и симболите на жената во освојувањето на светот.

Моделите на Hay наместо на модна писта се претставени во кујна и тие месат, печат, готват, а потоа и го пробуваат приготвеното, во облека соодветна на домашните работи.

Во пред-есенската колекција на Batsheva навистина се готви: фустаните ги носат актерки, клубски ѕвезди и пријателки на креаторката, а ги слика нејзиниот сопруг. По фото-сесиите, приготвеното и се пробува и јаде, а рецептите и начинот на готвењето се предмет на книга што ќе ја следи модната колекција на Hay и се очекува да биде промовинарана кон крајот на годинава.

Книгата за изгледот на колекцијата глуми вистински жени, од легендата на клубот Сузана.

Облеката што е направена и понатаму ги повторува основните линии на претходните колекции, со тоа што овој пат можат да се видат и некои од класичните стилови од раните 80-ти, како на пример цветните фустани на Принцезата Дијана. Основната инспирација сепак била да се понуди облека за по дома, за кујна, за таа интима од животот да биде исполнета со пријатни чуства./М.М.

You may also like

Comments are closed.