Frédéric Malle

„Ако парфемот е портрет на жената што го носи, еве еден што ја открива нејзината вродена софистицираност“. Изрекава ја потпишува Frédéric Malle, француски бизнисмен и основач на куќата за парфеми Editions de Parfums Frédéric Malle, а се однесува на неговиот легендарен парфем Portrait of a Lady.

Парфемот е дел од колекцијата на 32 парфема, создадени во целосна креативна слобода од врвни светски парфимери. По повод дваесетгодишнината на брендот, Editions de Parfums Frédéric Malle ги слави сите досега создадени парфеми, со осврт на нивното создавање. Имено, парфемерите се избрани од Frédéric Malle, првиот и единствен издавач на парфеми: ги надминуваат своите граници и својата креативност, создавајќи врвна колекција со фантастично богат спектар на парфемски предлози.

Решен и годинава да се посвети на одбележувањето на јубилејот, тој посочува дека се работи за дваесет години на менување на парадигми во тешкиот свет на парфимерија. Frédéric Malle издаде и пригодна книга – Првите дваесет години, во која на читателите им нуди интимен увид во сагата на неговиот бренд и ги споделува приказните зад четирите негови најуспешни мириси во графичко-романска форма.

Frédéric Malle е израснат во семејство на парфимери: неговиот дедо, Serge Heftler Louiche, е основач на парфемската куќа за Dior, а неговата мајка таму има работено како уметнички директор. Malle растел во свет во кој парфимеријата е уметност, поради што и самиот посакал да им го врати заборавениот сјај на парфемите, а на парфемерите статусот и креативната слобода. Заробени во светот на маркетингот, парфемите станаа слични, а хиперпродукцијата ги направи неинтересни.

Frédéric Malle реши да создаде класични парфеми, кои повторно ќе бидат луксузни, креативни и квалитетни – како познатите класици од минатото. За оваа работа, тој им се обрати на најголемите парфимери на денешницата и им даде целосна слобода: можност да создадат парфем за кој сонуваат, без креативни, па дури и финансиски ограничувања. Неговата куќа за парфеми е Editions de Parfums, зато што според него парфемите се како книгите, се објавуваат во изданија, а тој е уредник и уметнички директор.

Парфемерите се автори, во најдобра креативна смисла на зборот, нивните фотографии се на ѕидовите на парфемската куќа, и нивните потписи под парфемите што ги создале. Frédéric Malle им го врати статусот на sвезди кои всушност и им припаѓаа./M.M.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.