Roberto Cavalli, првиот дизајнер што го донесе анимал принтот на пистите и му остана верен со децении, го користи и во двете колекции за пролетва и претстојното лето. На своите сајтови: https://www.robertocavalli.com, како и на https://www.justcavalli.com, претставени се најновите колекции на Just Cavalli и на Roberto Cavalli во кои анимал принтот е безмалу основата на која се градат софистицирани креации за летните вечери или кежуал парчиња во кои може да се биде цел ден (Just Cavalli), на некое од неговите егзотични места, како на пример во Тоскана, каде што дизајнерот живее и твори.

 

 

 

 

 

 

 

 

Својот прв бутик Roberto Cavalli го отвори во Сент Тропе во 1972 година. Во седумдесетите често е споредуван со Gianni Versace и сметан за синоним за екстраваганција, која не подлегнува на тогаш актуелниот минималистички шик. Дури од деведесетите постигнува големи успеси и тоа почнувајќи од развојот на техниката за печатење на растегливи ткаенини и новата линија на фармерки. Тоа беше само вовед за успешно претставување на Модната недела во Милано, кога и познатите посакаа да ги носат неговите дизајни. Брзиот развој на модната куќа услови создавање на три бренда  Just Cavalli, Cavalli Class и Roberto Cavali Angels, како и збогатување на понудата со, чевли, очила, предмети за домаќинството и мебел./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.