Ружица Арсовска

Постојат некои златни правила или норми кои помагаат да се успее. Колку побрзо се совладаат, толку се поголеми шанси да станете професионален модел. Магијата е да се балансира со сите оние работи кои се битни за моделингот, за да се создаде комплетна слика. Ружица е совршен пример за тоа како на вешт и уникатен начин може да се спојат трите сегменти, за да се изгради еден комплетен модел. Големата љубов и посветеност кон вежбањето и исхраната- и овозможија да биде модел, фитнес тренер и врвен кулинар.

Со добра организација може  да се постигне многу, само ако имате мотивација и дисциплина, вели Ружица. Но, нејзините планови не застануваат тука: Арсовска сака да замине за Америка, каде би продолжила професионално да се занимава со моделинг, откако веќе долго време соработува со агенцијата Моделс ИН Менаџмент од Скопје.

Има луѓе кои кога говорат делуваат на вас смирувачки и хармонично. Таков е случајот со Ружица, вели Алек Наумовски од Моделс Ин, претставувајќи ја Арсовска. Чекаме да се смири целата ситуација со пандемијата, за да може конечно да замине во Америка, бидејќи, како што и очекувавме, повеќе модни агенции се заинтересирани да склучат договор, додава Алек. Ружица е секако успешна и среќна, но да се биде под договор со една светска агенција е награда за нејзиниот огромен труд и упорноста. Впрочем, што друго и да се очекува од девојка која зрачи со индивидуалност и беспрекорна убавина, истакнува Наумовски.

За совети околу фитнес и исхрана, посетете го нејзиниот инстаграм профил @Ruzica_ars

You may also like

Comments are closed.