Akris, Balenciaga, MSGM, and Louis Vuitton.

Годинава во преден план ќе бидат суптилните, пастелни бои, на кои ќе им се приклучат и посилните, како што се црвената, портокаловата и жолтата. Општо, уличната мода во 2021 година ќе биде обележана со стилот на 90. години, кој ќе се меша со модерни елементи на разни модни парчиња. Ќе биде популарна облеката со логоа, графити и ретро, што може да се најде на фустани, шалови и блузи.

Alexandre Vauthier, Chanel, Giambattista Valli, and Miu Miu.

 

Кога се во прашање модните парчиња вреди да се спомене сеприсутноста на фармерките, на пример, фармерки за прв пат оваа година беа исто така вклучени на пистата на познати модни дизајнери. Ретро стилот ќе се рефлектира во широка облека, со големи димензии, било да се тоа јакни, џемпери или јакни.

Последниве години, популарноста на панталоните со низок струк се зголемува, а оваа година ќе послужи како дополнителна афирмација на овој тренд, кој многумина го заборавија. Во светло на ретро стилот, панталоните ѕвонарки  во многу верзии исто така ќе се вратат.

Секако, не секој моден тренд одговара секому и тие треба да се користат повеќе како инспирација. Во секој случај, одберете ги само оние парчиња кои ќе ве прават да се чувствувате самоуверено и добро во нив.

Експериментирајте самоуверено со различни нијанси и дезени: можностите за комбинирање се бесконечни, а облеката е и ќе остане безвременска./M.M.

You may also like

Comments are closed.