Со вчерашното соопштение дека Sarah Jessica Parker и Christopher John Rogers ќе седнат заедно на годинешниот прв виртуелен Vogue Forces Fashion самит на 16 и 17 ноември, листата на учесниците безмалу е комплетирана. Актерката, добитник на наградите Тони и Греми, Cynthia Erivo ќе му се приклучи на дизајнерот Craig Green на панелот што ќе ги истражува нивните многу интересни патеки во кариерата, од аспект на значењето и важноста на преземањето ризици. Креативниот директор за мажи на Луј Витон, Virgil Abloh, ќе разговара со супермоделот Bella Hadid за нивните патеки во кариерата, како и за поддршката на младите креативци во нивните напори да го менуваат светот.
Меѓу панелистите ќе бидат и моделите од насловните страници на Вог за ноември, Наоми Кембел. Повеќе детали и билети се достапни на веб-страницата на Forces of Fashion.