За Prada кинескиот пазар е од особено значење, па во тоа светло треба да се гледа и на новото партнерство. Особено се земе ли предвид порастот на продажбата на Prada во првото полугодие, кој во регионот на Азија и Пацификот изнесува 25 проценти, додека во САД е евидентиран пад од еден процент.
Италијанската модна куќа Prada стана официјален партнер на кинеската женска фудбалска репрезентација. Брендот како партнер ќе обезбеди облека за сите членови на тимот за време на нивните патувања и појавувања.Партнерството подразбира и грижа за изгледот на фудбалерките на Кина и настаните, какво што е тековното Светско првенство за жени (FIFA Women’s World Cup) во Сиднеј.
Во пригодната кампањата по повод новото партнерство, сите членови на тимот носат црни костуми, бели кошули и мокасини Prada. Андроген и елегантен изглед, кој покажува подготвеност на брендот да игра и на модните трендови кои со себе носат и успех на деловниот план.
Prada е една од најголемите модни куќи која не крие дека кинескиот пазар им е многу значаен, особено што кинеската женска фудбалска репрезентација е со солидна репутација благодарение на многуте победи. Минатата година кинеските фудбалерки, познати како Челични рози, го освоија Купот на Азија. На тековното светското првенство за жени, во Сиднеј, што ќе трае до 20 август, фудбалерките ќе ја носат тековната спортска колекција на Prada.
Од компанијата посочуваат дека партнерството е голем чекор за фудбалскиот свет, а голем чекор и за модата. Особено кога станува збор за продажбата на Prada, на која кинескиот пазар им е се побитен, особено доколку се земат предвид штотуку објавените деловни резултати остварени во првото полугодие на 2023 година.
Имено, Одборот на директори на Prada S.p.A. ги разгледа и одобри консолидираните финансиски резултати за првото полугодие годинава според кој креативниот фокус, иновациите и јасната интерпретација на современоста продолжиле да го зајакнуваат брендот.
Продажбата на Prada бележи вкупен пораст од 18% во однос на споредбениот период. Порастот во Азија и Пацификот изнесува 25%, во Европа за 24%, Јапонија 49%, на Блискиот Исток 14% , додека во САД е евидентиран пад од еден процент./М.М.