Насловена како Mother of All (Мајка на сите), модната куќа на дизајнерите Golan Taub и Noa Pasternak е со мисија  сите мајки да се чувствуваат неверојатно убаво и да бидат најдобрата верзија на себе.

Откако ги отворија вратите на својата модна куќа во Тел Авив, во 2018 година, MOA (Mother of All ) е на патот на постојан успех и подем на европските пазари и во САД. Kourtney Kardashian и Irina Shayk се меѓу познатите кои често ги носат МОА препознатиливите мини и супер-мини фустани, со детали што наликуваат на бранови. Со овие детали и брендот го промовира својот заштитен дизајнерски знак “wave”, доминантен во сите нивни досегашни колекции.

Во настојување, како што самите дизајнери истакнуваат, за едно поинакво редефинирање на тоа што значи да се биде мајка, нивните колекции  ги нагласуваат сите елементи на женската фигура.

Притоа, оставаат жените сами да ги истражат границите на тоа што значи да се чувствуваш жена. Таков белег носат и МОА колекциите за 2023 година.

Колекцијата наменета за одмор е преставена во студио на модната куќа и ги носи сите карактеристики на едно жешко лето, додека Mother of All за есен/зима 2023, е снимена на брегот на Мртвото Море, со поинаква порака.

Имено, инспирација за оваа колекција е италијанката Marchesa Luisa Casati: жена со чуден лик, необична фризура, налик на капа. Станува збор актерка и модел – за муза и покровителка на уметноста во Европа, на почетокот на 20-отвек.

Мртвото Море, како најниска точка на површината на земјата, солените формации и кристалите пронајдени таму,природно резонираат со естетиката на колекцијата. Слично на нивната муза, ова место е чудо на природата, велат дизајнерите – извонредно, единствено и загрозено.

За есенва текстилот го спојуваат препознатливата двослојна свила и материјали како волна и кожа, во нова текстура,инспирирана од Casati: жакард свила од италијанско производство.

Колекцијата донесува една малку поинаква интерпретација на нивниот  “wave” мотив, а содржи и нов би рекле близок елемент – “snake”, во чест на нивната муза./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.