„Бесконечност“/Infinity – колекциите со кои креаторката Анастасија Зулевска се претстави пред битолската публика, се спој на спортскиот стил и на модерната елеганција што често можат да се видат и низ Широк Сокак.

Infinity, според белешките од ревијата, е и затоа што уникатните парчиња немаат рок на траење, немаат време ниту ограничување во изразот.

На ревијата се претставени две колекции од кои едната е составена од повеќенаменски спортски тренерки, што можат да се носат на спортските терени и во секојдневието, односно за денски и вечерни активности.

Другата колекција е составена од сценски/ свечени модели, наменети за настапи и изведби на сцена, при што секое парче е изрботено со посебен печат и изразена индивидуалност./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.