Cult Gaia како да е во вечно лето. Дизајнерката и основач на овој моден бренд, Jasmin Larian Hekmat, својата модна сончева визија ја преточува во бројни колекции.
Есенската колекција, подготвена за носење, го потврдува тој концепт. https://cultgaia.com/collections/new-arrivals
Освен летото, Hekmat својата инспирација за колекцијата наменета за оваа есен ја наоѓа и во винтиџ облеката. Во белешките за колекцијата таа е опишана како „декадентна“, како „транс-сезонска“ – прилагодлива на секоја клима.
Cult Gaia е инспирирана од природата и од жените. Она што го создаваат првин е Objet d’Art а потоа и со употребна вредност. Многу од создаденото е со скулпторски квалитет. Дизајнерскиот етос е создаденото да се издвојува и да привлекува внимание.
Парчињата треба да бидат совршено несовршени и убави, како природата, потенцираат во Cult Gaia./М.М.