Маслото од рузмарин може да го спречи опаѓањето и истенчувањето на косата. Ова природно масло има бројни придобивки за кожата, но може да направи чуда за растот на косата, сметаат експертите.

Рузмаринот е медитеранска билка која се користи во медицината, во исхраната, како и во козметологија и ароматерапија. Старите Грци, Египќани, Евреи и Римјани го сметале маслото од рузмарин за свето и обилно го користеле за нека на кожата и на косата.
Научните студии ја откриваат долгата листа на придобивки што маслото од рузмарин може да го има и на косата и скалпот.
Сега маслото од рузмарин е тренд на социјалните мрежи, каде што многумина тврдат дека тоа е производ кој може да го спречи опаѓањето на косата и да го стимулира растот.
Зошто маслото од рузмарин е добро за косата?

Поради високите антиоксидантни, антиинфламаторни и антибактериски својства, рузмаринот е одлична природна состојка за растење, чистење и кондиционирање на косата.
Студиите откриваат дека есенцијалното масло од рузмарин е исто толку ефикасно како и миноксидилот – кој сега најмногу се користи за лекување на машката и женска ќелавост.
Урсолната киселина во рузмаринот делува така што ја зајакнува циркулацијата во скалпот за да овозможи повеќе кислород и хранливи материи во фоликулите на косата, сметаат водечките експерти за коса и може да помогне да се спречи опаѓањето и истенчувањето на косата. Помага и при оштетувањето на ткивото и нервите во скалпот, правејќи ги косата и скалпот поздрави.

Пред употреба на ова масло се препорачува тоа да се разреди со масло од јојоба, кокос или маслиново масло, за да се ограничи потенцијалната непријатност или иритација на чувствителната кожа. Со околу пет, шест капки масло од рузмарин, нанесени на скалпот во текот на денот, започнува третманот со ова масло, препорачуваат експертите. Ако не сакате да ризикувате мрсна кожа на главата, маслото од рузмарин се остава да дејствува на скалпот околу 10 минути пред главата да се исплакне со шампон.
Алтернативно, кај сувата коса, нанесете го маслото пред спиење и оставете го преку ноќ како третман за скалпот. Можат да се додадат неколку капки од маслото во шампонот кој потоа се користи како и вообичаено.
Препорачливо е да се користи првин еднаш до два пати неделно еден до два пати неделно, а секојдневната употреба на околу пет капки е можна само доколку не се појави иритација./М.М.

 

More in:Коса

You may also like

Comments are closed.