La Prairie го претстави својот најнов производ за нега на кожата – Skin Caviar Harmony – L’Extrait. Производот е базиран на најновите научни истражувања за кожата.

Се работи за иницирање на промена на истражувачката парадигмата и „рефокусирање од хоризонталните елементи на кожата кон нејзината вертикална димензија“.
Имено, со оглед на архитектурата на кожата, која е составена од различни хоризонтални и вертикални елементи, а досега главно во светот е работено на хоризонталната структура, научниците од La Prairie се фокусираа на вертикалните елементи, односно на лигаментите, кои се од суштинско значење за структурната стабилност на кожата. https://www.laprairie.com/en-us/skin-caviar-collection
Како резултат на тоа, научниците развија револуционерни протоколи за тестирање, за да ги идентификуваат и квантифицираат нивните компоненти со помош на швајцарска лабораторија за биоанализа.
Врз основа на резултатите добиени од истражувањата создаден е Caviar Infinite, производ кој ја зајакнува структурата на зрелата кожа за така да ги намали ефектите од стареењето. Caviar Infinite е резултат на 35.годишното научно истражување на швајцарската козметичка компанија./М.М.

Деталите се на следниов линк: https://www.laprairie.com/en-us/

 

You may also like

Comments are closed.