По неколкуте блескави настапи во Загреб, Белград и во Нови Сад, концертниот спектакл на хрватската пејачка Јелена Розга доаѓа во Скопје.
Розга ќе настапи на 10 февруари, во арената „Борис Трајковски, во рамките на регионалната турнеја насловена како „Минут срца мог“.
Јелена Розга, миленичката на сите генерации, на сцената во „Борис Трајковски“, во сабота, ќе ги отпее своите најголеми хитови, но и песните кои го одбележаа времето кога беше дел од групата Магазин, каде и ја започна кариерата.
Организаторот Скајмјузик продукција, најавува вистински спектакл со подготвени повеќе од 400 квадратни метри ЛЕД екрани, преку 300 светлосни тела и повеќе од 500 илјaди вати звук, што деновиве треба да пристигнат во Скопје.

Дека хрватската поп ѕвезда ќе ја видите во сосема поразлично издание потврда е и тоа што за речиси секоја нумера има посебна кореографија, а секоја песна има своја анимација и специјални ефекти. Бината е уникатна и по облик и по големина, а посебните писти што влегуваат во партерот нудат уникатна можност за следење на концертот.
Влезниците се достапни преку www.efinity.rs, но и преку апликација eFinity, како и преку веб-страницата www.kupikartizase.com и на сите нивни продажни места, по цени од 1000 денари за партерот, до 2200 денари за ВИП делот се продаваат по цена од 2200 денари. Постои уште една опција да се дојде до билет: за фановите од Струмица, Радовиш и Штип, а благодарение на Евентум и ТА Нова травел, превозот од овие градови до Скопје и назад, заедно со влезница за партерот, чини 1700 денари.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.