Наутот (cicer arietinum) е мешунка која источните култури во Индија и на Блискиот Исток, одамна ја препознале како вкусна и исклучително лековита.
Резултатите од новите истражувања за оваа мешунка покажуваат дека наутот е од големо значење за здравјето на луѓето. Имено, редовната употреба на наутот може да помогне во решавањето на бројни проблеми, како: намалување на холестеролот; намалување на ризикот од развој на хронични заболувања (срцеви заболувања, дијабетес и рак); регулирање на варењето, превенција на остеопороза; помага да се отстранат сулфатите од крвта (се користат во прехранбената индустрија, за зачувување на храната).
Се препорачува на сите трудници и доилки, бидејќи една шолја наут задоволува речиси 50% од нивните дневни потреби за фолна киселина.
Наутот е богат и со протеини и влакна, витамини и минерали, суштествено значајни за здравјето: една шолја наут (леблебија) обезбедува 50% од дневната потреба на калиум, 69% за железо, 2% за витаминот А, 13% за витаминот Ц, 55% на витаминот Б6 и 57% на магнезиумот. Содржи и витамин К, фолати, фосфор, цинк, бакар, манган, холин и селен.
Кога станува збор за биохемискиот состав, сушеното зрно содржи 23% протеини, 53% јаглени хидрати, 4-5% растително масло, 3-5% целулоза и 3% минерали.
Леблебијата е секако еден од најдобрите извори на протеини, влакна, витамин Б6, железо и магнезиум за веганите и сите оние кои се алергични на глутен. Богатата е и со есенцијални амино киселини кои телото не може самото да ги создаде, како што е случајот со несуштественте амино киселини. На повеќето намирници кои не се од животинско потекло им недостасува аминокиселината метионин, додека на интегралните житарки им недостасува лизин, па за да се добие целото пакување на аминокиселини, треба да се комбинира со леблебија.
Наутот е многу добар извор на железо, така што дури и варен содржи повеќе железо од исто количество месо. Количеството на калциум е исто така големо и е поврзано со протеините кои ја зголемуваат апсорпцијата.
Незаменлив е во рецептите на многу национални кујни, особено индиската, либанската и израелската. Богат е со белковини и протеини, поради што е одлична замена за месото и производите од животинско потекло.
Наутот е и одличен сојузник во борбите со килограмите, сооглед на тоа што создава долготрајно чувство на ситост.

You may also like

Comments are closed.