Во пресрет на денот на вљубените и денот на виното и лозјето, во „Скопје Сити Мол“ од 9 до 14 февруари ќе бидат организирани бројни активности за посетителите.
Сите што ќе дојдат во молот ќе имаат можност да ја посетат специјално подготвената поставка со организирано љубовно гледање на тарот-карти. Ќе дознаат што кријат за нив картите на љубовта и да станат учесници во трката за подароци.
Во игра се и сите оние кои ќе ја преземат/отворат апликацијата „MojCityMall“ на својот мобилен телефон и ќе ги пронајдат и скенираат QR-кодовите на петте букви што го формираат зборот ЉУБОВ. Овие кодови се поставени на неколку различни локации во молот, а наградите се оригинални: романтична вечера, љубовен состанок во „Синеплекс“ или ваучер за подарок од „Скопје Сити Мол“.
Во истиот период, од 9 до 14 февруари ќе биде отворен и шестдневен „Базар на љубовта и виното“.


На базарот ќе земат учество 50-тина современи ракотворци и ќе се претстават неколку мали домашни винарии. Посетителите ќе имаат исклучителна можност да ги дегустрираат македонските вина и да си обезбедат уникатни креации, изработени мајстори – креативци. колачиња и чоколади, декорирани во духот на вљубените, кожени модни додатоци, накит, љубовни сувенири, веганска козметика за природна нега, шарени керамички приказни, еколошки восочни обвивки, рачни везови…

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.