ВестиКултура на живеење

Членовите на КУД ,,Илинден” од Битола во најдолгото оро за Гинис

Членовите на Културно уметничкото друштво ,,Илинден” од Битола, учесници на Фолклоријадата во УфA, Русија и дел од најдолгото оро заиграно досега низ светот

Во најдолгото оро заиграно досега низ светот, со 2700 учесници од 37 земји од светот и припадници на 71 различна националност беа и членовите на Културно уметничкото друштво ,,Илинден” од Битола. Со овие бројки  беа срушени два гинисови рекорда: со бројот на националности кои играа  на орото и бројот на држави учеснички. Освен 37 земји кои активно учествуваа, бројката се искачи на 57 земји, затоа што се приклучија и туристи од  други држави кои го следеа  фестивалот.

Инаку, на оваа шеста по ред светска Фолклоријада, која годинава се одржува од 4 до 11 јули во Република Башкоростан, во Русија, КУД ,,Илинден” имаше и настап во официјалната програма на главната фестивалска сцена.

Единствен претставник  на Фестивалот од Македонија е фолклорниот ансамбл од Битола кој постои речиси седум децении и го афирмира македонскиот фолклор и традиција на бројни фолклорни фестивали ширум светот./M.M.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.