МодаТрендови

Callas Milano – еден од првите модни пост-пандемиски брендови

Callas Milano

Callas Milano започна со своето работење на почетокот на оваа година, токму кога почна вакцинирањето против ковид пандемијата. Така, со право може да се каже дека Callas Milano е еден од првите модни пост-пандемиски брендови.

Callas Milano

Амбициите на основачите Jan-Hendrik Schlottmann и Marco Panzeri не се мали, иако сепак се поврзани, па и условени од кризата. Нивниот концепт е модуларен. Силуетите нема да се менуваат многу од сезона во сезона и промените ќе зависат од инстинктот и од податоците за продажбата. „Нашата главна цел е да го прилагодиме развојот кон вистинската продажба на модните парчиња“, вели Schlottman. Паралелно, ќе настојуваме и да користиме природни ткаенини, следејќи го целиот ланец на производството на суровините и на колекцијата.

Callas Milano

Првата колекција за годинава е мошне скромна, а нејзиното дополнување за идната пролет е, меѓу другото, црниот смокинг, како личен фаворит на Schlottman од новата колекција. Callas Milano треба да се очекува дека ќе се развива кон  добро изработени класици, со фокусирано, модерно преобликување./М.М.

https://callasmilano.com/

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.