Polshoes саемот е еден од најважните деловни настани во индустријата за обувки и кожа во Полска – место за запознавање со богатата понуда на полските производители, дистрибутери и извозници, како и со дизајнерите који презентираа атрактивни предлози од есенско-зимската колекцијата

Една од активностите на „Полската модна индустрија„, спроведена во рамките на „Промотивната Програма„ беше трговската мисија, организирана во период од 26 до 30 септември 2022 година. Во неа учествуваа претставници од меѓународниот моден пазар од Северна Македонија, Молдавија, Израел, како и Турција. и Украина.

Трговската мисија беше организирана со цел да се создадат поволни услови за размена на трговски контакти и воспоставување соработка меѓу претприемачи од Полска и од странство. Учесниците можеа да разменат вредни искуства и да одржуваат B2B средби, благодарение на посетите на седиштата на полските компании, који ја претставуваат модната индустрија. Гостите беа во Kacper Global во Myszków, Conhpol во Stanisław Dolny, како и во Conhpol Bis во Stanisław Dolny. Дополнително беше посетен и Smolna Entrepreneurship Center во Варшава, при што беше претставен инкубатор за претприемништво, чија идеја е активирање и интегрирање на околината на малите и средни претпријатија.

Главна точка на програмата беше учеството на Polshoes деновите на обувки, во Краков, одржани на 28 и 29 септември 2022 година. Polshoes саемот е еден од најважните деловни настани во индустријата за обувки и кожа во Полска. Во деновите на саемот, гостите можеа да се запознаат со богатата понуда на полските производители, дистрибутери и извозници, како и со дизајнерите који презентираа атрактивни предлози од есенско-зимската колекцијата.

Можноста за директни разговори и презентација на многу интересни производи, со висок полски квалитет, им овозможи на претприемачите да воспостават квалитетни деловни контакти. За време на саемот одржана е и средба со претседателот на Полската комора за кожарска индустрија, кој на учесниците во трговската мисија им ја претстави полската индустрија за обувки и кожа.
На учесниците во Трговската мисија им беа обезбедени и рекреативни активности. Посетата на избраните туристички места во Варшава и во Краков овозможи запознавање со историјата и културата на Полска./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.