Бидејќи денешниот свет го прави верувањето во соништата потешко од кога било, можеби модата може да подаде рака кон фантазијата и имагинацијата при сопственото изразување.

Мислам дека да се биде романтичар е сила, а не слабост“, вели Alberta Ferretti при преставувањето на својата најнова колекција. Тоа е она што ја прави жената заводлива и единствена.

Модниот бренд Alberta Ferretti во презентацијата на пред-есенската колекција за наредната година понуди избор на софистицирани долги и кратки силуети, со текстура, во нијанси од сива до црна. Кроењето е омекнато со употребата на свиленкасто кадифе и мазни темни ткаенини; Силуетите на панталоните се издолжени, а поетските блузи во шантилска тантела ѕиркаа од долгите, тесни блејзери.

Инспирација за колекцијата се жените – и силни и романтични… Колекцијата ја исполнив со ренесанссен допир – за да го добијам она сензуално, но не и вулгарно, објаснува Ferretti.

Колекцијата го потврдува основниот стил на дизајнерката во кој, во магична хармонија, се помируваат спротивностите. Имено, во светот на Alberta Ferretti ренесансата има двојно значење: лелеавите силуети и романтичните фустани, дизајнерката ги поврза со софистицираните, издолжени и кратки силуети, со текстура, во строги нијанси – од сива до црна, во који белото е воглавно само во деталите./М.М.

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.