Софтверската компанија САП ја претстави својата прва модна апликација. Станува збор за апликација за ревијата на Кристијан Сириано за време на модната недела во Њујорк.Апликацијата им нуди на присутните и на гледачите од дома можност за „лајк“ и „љубов“ на изгледот на моделите, додека манекените се на пистата, а исто така им дава повратни информации на дизајнерите во живо за секој изглед на моделот.

Иако интерактивно интересна долгорочната привлечност на ваквата апликација за потрошувачите се чини неизвесна. Апликацијата за писти на SAP во моментов нуди само „омилена“ одлика – што се чини дека не се разликува од фаворизирање на зачувана фотографија. Компанијата соопшти дека во иднина може да вклучува функција „види сега, купи сега“, што ќе ја зголеми привлечноста на потрошувачите на апликацијата.

Инаку, темата на колекцијата беше футуристичкиот глам, односно како технолошките иновации ќе се вклопат во светот на модата, како можат да го поддржуваат, па и влијаат врз него./M.M.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.