Bobe's bakery

Чоколадни колачи со кремаста течна внатрешност за неверојатно задоволство.

Состојки за 10 колачи:

  • 250гр. чоколадо за готвење,
  • 65гр. путер,
  • пет јајца,
  • 65гр. шеќер во прав,
  • 100гр. брашно.

    Bobe’s bakery

Подготовка:

Чоколадото и путерот се топат на пареа, па се оставаат да се оладат. Јајцата и шеќерот убаво изматени  се додаваат на изладеното чоколадо и брашно. Смесата се става во модли претходно намачкани со путер. Колачите се печат во загреана рерна на 230Ц, точно осум минути, така што однадвор да се цврсти, а внатре меки. Внимателно одделете ги од калапите и превртете ги во чинија. Послужете ги колачите топли, прекриени со шеќер во прав, со лажичка кога ќе пресечете едно парче од внатрешноста на колачот треба да истече „чоколадна лава“.

Наздравје!/Б.Б.

 

 

ММ кујна

Пастрмајлии

Овие пастрмајлии се меки како памук, полни со вкусови од месото, сланината и јајцата. Истите ...
ММ кујна

Обланди карамел

Обландите со карамел се совршени, особено доколку подготвувате прослава, или, сакате неделниот ручек со семејството ...

You may also like

Comments are closed.