Сите кои сакаат да ја испробаат методата, треба првин да ги запознаат тајните состојки – а тоа е вољата, упорноста и посветеноста.

Познато е дека витканата коса е многу посложена за одржување а дека лесно се забележуваат оштетувањата од несоодветното сушење и влијанието на несаканите ефекти од производите наменети за косата.
Методата Curly Girl (CGM) е наменета за нега на кадравата коса. Се однесува на начинот на миењето, на сушењето, како и на средствата за одржување на кадравата коса која бара многу повеќе грижа и време и внимание.
Првото правило се однесува на миењето – препорачливо е cowashing, односно перење само со регенератор. Второто правило се однесува на сушењето. Имено, Со CGM начинот на сушење е од исклучителна важност: се избегнува употреба на фенови, преси, пегли и слични помагала. Трпеливоста е најбитна: без временска организација и посветеност – нема добри резултати.
Косата се суши според Plopping и Microplopping методите. Plopping подразбира собирање на водата со нежни притискања со памучна крпа, а Microplopping обвиткување на косата со памучна крпа, и стискање за поубаво формирање на кадриците.
За Plopping или Microplopping методите треба да се издвојат најмалку половина час, по што се поминува на сушење со дифузер .
Регенераторите кои се ставаат треба да се од оние што не се плакнат.
Не треба да се користи премногу топол воздух, ниту да се тутка косата – туку полека да се оформуваат кадриците, а понекогаш и да се помогне со неколку капки масло за коса./М.М.

 

More in:Коса

You may also like

Comments are closed.